Актерот и политички аналитичар Сашо Тасевски критикувајќи го најавениот попис на својот фејсбук профил коментира дека ковид епидемијата во овој период а и во наредниот ќе биде „спласната“ поради потребата на власта за спроведување на оваа фингирана операција.
- Епидемијата спласна, оти треба да истуркаат лажиран попис за љубов на ДУИ и Албанците.Тие мора да бидат над 25 посто. Од сега се знае. Не пропуштаат да не потсетат на таа бројка. Ама ако математиката каже поинаку??? Тоа не важи. Што ако е математика?
Е затоа правете си го сами пописот. Јас не сум дома.
А после пописот, короната паќ ќе удри. Како за изборите што беше. Само голтајте им ги дубарите. Што сакаат ни прават – коментира Тасевски.