Продолжува внатрепартискиот конфликт во ДУИ. И изборот на несудниот премиер Насер Зибери ја заостри вербалната „војна“ помеѓу двете крила во владечката партија од албанскиот блок.

По денешниот избор на Насер Зибери за народен правобранител, координаторот на пратеничката група Изет Меџити, одговорајќи на новинарски прашања, вели дека ДУИ им ветила на граѓаните дека Зибери ќе биде премиер а сега го предлага за народен правобранител. Зошто е тоа така, новинарите ги упати одговор да бараат од вицепремиерот Артан Груби.

– Вистина е дека ние ветивме премиер Албанец и не успеавме да го реализираме тоа на подолг рок, туку само за 100 дена како нов почеток и нова историја во нашата земја. За ова мислам дека треба да го прашате господинот Груби каков е договорот – дали Зибери ќе биде премиер 100 дена, ако не, зошто нема да биде – и кој ќе биде првиот премиер Албанец во Македонија – истакна Изет Меџити.