Зошто сестрата на поранешната специјана обвинителка Катица Јанева, Лиле Делиџакова, уште е член во управниот одбор на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), иако не доставила целосна документација за да ја заслужи позицијата? Ова прашање се наметнува откако Антикорупциска комисија уште пред 7 месеци побара од Владата повторно да ја оцени постапката за нејзин избор. Од Владата молк.
-Владата на Р.Македонија се уште нема доставено информации по однос на нејзиното постапување по доставената иницијатива од ДКСК по предметот избор на членови на Комисијата за хартии од вредност. Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок со Љупчо Николовски на кој ќе се разговара и за овој предмет, велат од ДКСК на прашање на Алфа.
Сестрата на поранешната специјална обвинителка лани во 2018-тата стана член на КХВ на предлог на Владата откако за претседател на ова тело беше избрана Нора Алити, кандидат кој го предложи ДУИ.