Министерството за внатрешни работи за време на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во скопски Центар изрече вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за непочитување на брзината на движење, седум за непочитување на првенство на минување и 15 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.


Администратор
23/01/2021 17:34