На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.

Од МВР денеска информираа дека од нив девет се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.


Администратор
23/01/2021 17:32