Канаѓанецот Клинт Капела имаше синоќа уште едно брилијантно издание во НБА лигата предводејќи ја екипата на Атланта до триумф над Минесота со 116:98 со ефект од 13 поени, 19 скокови и 10 блокади.

За центарот на Атланта ова беше втор трипл-дабл во последните два натпревари на кои постигна вкупно 40 поени, 45 скокови и 15 блокади.

Претходно, единствениот кошаркар со таков ефект во два натпревари во историјата на НБА беше легендарниот Карим Абдул Џабар во 1975 година.

НБА резултати од ноќта меѓу петокот и сабота:

Шарлот – Чикаго 110:123

Детроит – Хјустон 102 :103

Индијана – Орландо 120:118

Кливленд – Бруклин 125 :113

Филаделфија – Бостон 122:110

Торонто – Мајами 101 :81

Минесота – Атланта 98:116

Сан Антонио-Далас 117:122

ЛА клиперс-Оклахома 120:108

Феникс – Денвер 126:130

Сакраменто – Њујорк 103:94.


Администратор
23/01/2021 17:27