Уметнички пристап кон проблемот на социјална апатија и отсуство на делување во општеството, со нудење на начини како да се справиме со него, а фокусирајќи се и на животната средина е идејата на најновиот меѓународен проект „Патиштата на хероите“, чиј носител е Македонскиот народен театар (МНТ), а е во времетрање од две години.
Покрај МНТ како главен партнер, во изработката на проектот се вклучени шест организации од кои пет партнерски земји: Италија – Ла Драматурџи, Грција – Лооп Амке, Босна и Херцеговина – Студио Театар, Словенија – Институт за театарска игра и Србија – Ехо Анимато, и една од Македонија – Издавачка куќа Гаврош. Проектот е во времетраење од две години.
Организаторите на проектот сметаат дека постојат голем број поединци кои веќе дејствуваат за доброто на заедницата, но не се доволно видливи. Проектот има за цел да им придаде големо значење и да ги сподели нивните приказни со цел да се инспирираат самите заедници да трагаат по сопствените Патишта на хероите.
Тоа ќе се реализира преку сите познати медиуми за комуникација: театар, видеа, претстави на отворено, изложби, илустрирани книги за деца и онлајн кампањи.
Инспариција е всушност драмата на Ибзен Народен непријател, која го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно.
Токму затоа, како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.
Според режисерката Нина Николиќ, самиот наслов на проектот укажува на тоа дека во рамките на овие две ипол години ќе се стави фокусот на хероите кои знаат, можат и сакаат да ни го покажат начинот пореку кој ќе можеме да го подобруваме амбиентот во кој што живееме, и да изградиме пообра средина која ќе биде убав просотр за живеење за сите нас.
– Македонскиот народ театар на наша голема радост е лидер на овој проект кој што во цеопст се занимава со организации и презентации. Наш главен фокус е претставата „Народен непријател“ која ќе се реализра во текот на следниот период и чија премиера ќе се случи во 2022 година, рече режисерката на денешната прес-конференција.
Покрај претставата „Народен непријател“, проектот подразбира создавање на голем број на авторски дела и програми во кои спаѓаат илустрирани книги за деца, бројни работилници кои ќе вклучат актери и автори од целиот период како и од сите актерски земји, потоа интервјуа со луѓе кои документарно ке се следат и преку кои ќе се покаже дека сите ние сме опкружени со индидвидуалци кои постојано и секојдневно длеуваат во име на сите нас.
-Покрај тоа што сака да ги истакне индивидуалците и значењето на индивидуалците во општеството она што проектот го има за цел да ја потенцира и назначи пручината за значењето на заштитата и управувањето со животната средина, но не само декларативно туку и вклучување на уметници и граѓани во создавање на еден заеднички парк кој ќе биде направен во рамки на театарот на еден простор кој се наоѓа веднаш покрај реката Вардар, и има за цел заедно со учениците од училиштето од Чаир кои се наши во април или март да направиме една мала иницијатива за создавање на зелен простор во рамки на кој ќе можеме и ние како вработени но и исте да дојдат во сорабокта со град скопје и паркови и зеленило, додаде таа.
Проект е финансиски поддржан од „Креативна Европа“ програмата, во рамките на Европската Унија.