Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека не е важен неговиот дуел со актуелниот МВП Јанис Адетокумбо, туку успехот на тимот.

Лејкерс ноќеска оствари победа на теренот на Милвоки Бакс со 113:106.

– Индивидуалните награди никогаш не ми биле на прво место. Најважно е успехот на тимот. Ова е единственото нешто што навистина е важно. Моја задача е да играм добро и да му помагам на тимот против кој било противник. Ова е она на што се сведува мојата игра, истакна Леброн.

Тој средбата ја заврши со рекордни 34 поени за себе во тековната НБА сезона, како и осум асистенции, додека Адетокумбо постигна 25 поени и 12 скока.


Администратор
22/01/2021 11:13