Во урбаната заедница „Цветан Димов“ се поставува атмосферска канализација и тоа на улиците „Вера Јоциќ“, „Тодор Паница“, „Тодора Паница 1“, „Вера Јоциќ 1“, „Вера Јоциќ 2“, „Георги Димитров“, „Новопроектирана 1“, „Михаил и Ефтихиј“, „Новопроектирана 2“, „Георги Димитров 1“, „Дичо Петров“,„ Дичо Петров 1“ и на „Тоне Томшиќ“.

Како што информираат од општина Кисела Вода, градежните работи за поставување на атмосферска канализација се со вкупна должина од 2712 метри.

Поставувањето на атмосферска канализација се реализира преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, извршија увид во работните активности и побараат од изведувачите да ја зголемат брзината и ефикасноста на изведба на работите и улиците да се вратат во функција што е можно поскоро.


Администратор
22/01/2021 10:34