Наместо старт на второто полугодие од учебната година, средношколците најавуваат дека наставата ќе ја бојкотираат доколку не бидат прифатени нивните барања за намалување на предметите кои треба да се полагаат во склоп на државната матура.

- Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не беа подготвени да соработуваат за нашите барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат. Ги повикуваме сите матуранти да ни се приклучат! – велат од Сојузот на средношколци.