Угостителите кои на скопскиот кеј имаат објекти бараат град Скопје поради пандемијата да не ги урива нивните летни бавчи и оценуваат дека улицата која ќе води кон Телеком го сече кејот на два дела и ќе предизвика големи проблеми за безбедноста на гостите.

Планот на градоначалникот Шилегов да направи улица не е добар, велат тие, додека Шилегов уште вчера изјави дека хаосот на кејот мора да се реши, улицата му е оставена во наследство од претходникот Трајановски, а кејот треба да се реновира и претвори во шеталиште за граѓаните, пренесува Телевизија Телма.

Целиот текст може да се прочита на ТВ Телма.