Лагите на СДСМ не може да го покријат фактот дека антиреформите на Царовска имаат за цел да го укинат предметот Историја како засебен предмет, што има апсолутна поврзаност со понижувачката и анационална политика на Заев.

Факт е дека Царовска оваа антиреформа ја прави насилно и на талибански начин, без дебата и спротивно на реакциите на МАНУ, Универзитетите и наставниците.

Факт е дека Царовска оваа своја антиреформа ја престави лажно како наводен фински модел кој потоа беше демантиран.

Факт е дека Царовска и СДСМ се потполно сами во своите погубни политики и јавноста остро им се спротивставува и ќе продолжи да им се спротивставува.

Факт е дека лажната социјалдемократка Царовска со Гучи шал од 370 евра е само еден исполнувач на желбите на Заев.