Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство, од каде појаснуват дека вкупно 279 лица сомнителни и потврдени случаи на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника осум.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти, соопштија од Министерство за здравство.

Во моментов според последните податоци објавени од МЗ на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

Вкупно 279 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението.


Администратор
16/01/2021 15:42