​Во акции на Регионалниот центар за гранични работи Запад при МВР изминатите две седмици се откриени четири случаи на кривиловење риба во Охридското Езеро.

Во спроведените 17 патроли на езерото во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство се пронајдени 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1.800 метри, 150 парчиња риба (охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 килограми.

По расчистување на случаите и нивно документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Риболовниот алат е одземен и донесен во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро" за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор" – Охрид.


Администратор
16/01/2021 00:18