Откако министерката за образование Мила Царовска на твитер ја демантираше професорката Јасна Котеска дека не се планирало укинување на групата на македонски јазик на Филолошкиот факултет, со своја реакција излезе и Котеска на твитер.

Котеска, одговорно тврди дека на Филолошки се планирале две научни гранки, лингвистика и литература а македонскиот јазик да бил дел од гранките.

- Како професор кој од 2020-2023 ги координира образовните политики на Нордиска платформа за скандинавски научници со цел постигање УНЕСКО 2050 за Нордиските земји, најодговорно тврдам дека политиките на Мила Царовска се назадни. Барам истите да се запрат пред 20 јануари 2021.

Да сумирам. 1. Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја. 2. На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките. Ова е тоа што го викаат таен државен удар?

Мила Царовска треба итно да даде оставка на местото Министер за образование и наука. Првпат барам оставка од МОН, но Мила НЕ СМЕЕ веќе да биде на чело на МОН. Промените се крајно потребни, но ова е се’ обратно од тоа што бараме со децении и е скарадно. Апсолутно стојам зад ова“, напиша Котеска на Твитер.