Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Премиер лигата со Ливерпул.

– Секој тим започнува натпревар со идеја дека може да го добие. Знаеме дека можеме да победиме секого, каде било, во кое било време. Затоа е убаво да се пристапи кон играта со чувство дека играјќи најдобар фудбал можеме да победиме. Ова е тест, вистински тест за тоа каква е нашата позиција навистина, бидејќи Ливерпул на „Енфилд“ е еден од најтешките тестови, изјави Солскјер.

Тој знае дека само со максимална борбеност ќе може да се избори поволен резултат на „жешкиот“ терен.

– Тие се неверојатни дома, затоа мора да се бориме за секој сантиметар на теренот. Секоја ситница може да биде одлучувачка во ваква игра, додаде норвешкиот стручњак.

Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед в недела (17 јануари) со почеток во 17:30 часот.


Администратор
15/01/2021 21:29