Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го именуваше клубот каде планира да ја заврши кариерата.

– Секогаш велев дека ќе ја завршам кариерата во мојот клуб – Андерлехт. И во исто време, јас нема да играм колку да се рече дека играм, туку ќе бидам во најдобра можна форма, изјави Лукаку за „Laatstae Nieuws“.

Договорот на 27-годишниот Белгиец со Интер важи до јуни 2024 година.

Претходно, Лукаку беше прогласен за најдобар играч во Белгија минатата година кој настапува во странство.


Администратор
15/01/2021 21:16