Изминатото деноноќие, екипи на Општина Центар, со специјални возила на локации на територија на Општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Како што соопштија од Општината, акцијата за распрскување на улиците е извршена во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешко пристапни улици во Центар, во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег.

Нанесувањето на емулзионата течност, активност која што Општина Центар ја спроведува секоја година, делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови.


Администратор
14/01/2021 12:19