Голманот на египетската ракометна репрезентација Карим Хандави е нов член на македонскиот прволигаш Еурофарм Пелистер, соопшти вечерва клубот од Битола.

Хандави, кој во моментов настапува со својата репрезентација на Мундијалот во Египет има потпишано договор со битолскиот прволигаш и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обврски на Светското првенство.

Хандави (32) доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од романската екипа Доброгеа Суд.


Администратор
13/01/2021 22:40