Турската официјална Агенција за лекови и медицински помагала издаде одобрение за итна употреба на кинеската вакцина против Ковид-19 на компанијата „Синовак“, објави денеска турската новинска агенција Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неделава рече дека вакцинацијата ќе започне утре или во петок, откако Турција доби три милиони од откупените 50 милиони дози на вакцината „КоронаВак“ на „Синовак“.


Администратор
13/01/2021 21:42