Шампионот МЗТ Скопје Аеродром потпиша денеска договор со талентираниот Михаил Наумовски, син на еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Петар Наумовски.

Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда.

– Ќе дадам сè од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Црвена Звезда и во Галатасарај, изјави Наумовски за клупскиот сајт.

Наумовски потпиша две и пол годишен договор, а тековната сезона ќе ја доигра во редовите на вториот тим на македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје УНИ Банка.


Администратор
13/01/2021 21:37