Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, како и за вакцините кои треба да пристигнат и граѓаните ги очекуваат.

Венко Филипче и Зоран Заев секојдневно смислуваа пи ар стратегија како да го смируваат народот, но граѓаните сами увидоа дека за жал Македонија немаше стратегија во борбата со пандемијата и резултат на сето тоа се премногу изгубени животи, вели Мисајловски.

Лекот не требаше да се бара во прес конференции, слаткоречивост, смирувачки насмевки и статуси на социјалните мрежи, туку многу работа и желба да се сработи сериозно кога тоа е потребно. Македонија и ден денес се соочува со пандемијата и сеуште губи животи, но сега Филипче и Заев не држат по неколку прес конференции на ден, туку водат висока политика, додаде Мисајловски.

Додека земјите од соседството започнаа со вакцинација и стекнување на имунитет, граѓаните на Македонија чекаат милостина од Србија, Бугарија, Хрватска, за да може барем оној најзагрозен дел од граѓаните да се вакцинираат. Тоа е крајно несериозно и поразувачки за една држава кога се работи за здравјето на граѓаните, истакна Мисајловски.

Граѓаните ја согледаа ситуацијата и знаат дека беа пуштени низ вода и што се вели беа оставени Господ да ги чува. Некои се спасија и се здрави и живи, но многу семејства останаа без блиски луѓе. Тоа не е ниту малку за занемарување и доколку сега Филипче и Заев повторно не ја убрзаат процедурата за вакцините, ќе бидат одговорни за се што ќе се случува со здравствената ситуација во државата, заврши Мисајловски.


Администратор
13/01/2021 20:36