Одговорајќи на новинарско прашање, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во однос на најавеното зголемување на цените на патарините истакна дека во Македонија се плаќаат најевтини патарини а доколку граѓаните не сакаат да платат за патарина може да ги користат локалните патишта.

- Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, истакна Бочварски.

Тој додаде и дека во Република Македонија граѓаните плаќаат најевтини патарини.