Во пресерет на Василица и дочекот на Стара нова година Општина Ресен апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови и да не се групираат, со цел да се заштити населението од ширење на коронавирусот.
– Општина Ресен апелира до сите жители, доследно да се почитуваат одлуките и протоколите на Владата на Република Македонија, кои се однесуваат на заштита и превенција од Ковид 19, стои во апелот.
Според традицијата во Преспа, Стара нова година се дочекува со греана ракија и домашни колбаси покрај василичарските огнови, кои годинава ќе изостанат поради панемијата.