Во 2020 година намален е бројот на сообраќајни несреќи на подрачјето на општините кои ги покрива СВР Куманово во споредба со 2019 година.

-На подрачјето на СВР Куманово за 2020 година се регистрирани вкупно 447 сообраќајни незгоди што е за 29 отсто помалку во споредба со 2019 година, кога бројката изнесувала 632, соопшти денеска СВР Куманово.

Од вкупниот број на сообраќајни незгоди во 2020 година, 36 се со тешки телесни повреди, 202 со телесни повреди, 199 со материјална штета, а десет завршиле со смртни последици. Намален е и бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и тоа за осум отсто споредено со 2019 година.

Од Кумановската полиција апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.