Градскиот татко на главниот град Петре Шилегов на Фејсбук се пофали дека градските служби подготвени го дочекале првиот снег за оваа година и дека градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови.

- Главните пешачки зони, како и градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови, а општините ги чистат помалите улици кои се во нивна надлежност. Меѓутоа, одржувањето на градот е колективна одговорност, објави Шилегов.

Но, нејасно е каде го виде Градоначалникот Шилегов снегот во Скопје со оглед на тоа што во главниот град не наврна ниту една снегулка. А и нејасно е кога и каде градските служби излегоа на терен и што всушност чистеле.

По негативните коментари на објавата на Шилегов од страна на граѓаните, постот од социјалната мрежа беше избришан.


Администратор
10/01/2021 18:30