Бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година ја оградби целата црква Пресвета Богородица, ја опустоши, а следната година ја запалија...Јас бев дете, вака го почнува своето сведоштво, за Алфа, 88-годишниот Бранко Кодриќ, староседелец во Маџирмаало, кој и за време на Втората светска војна живеел во оваа населба.

-Рано беше сабајлето, околу 5 часот најверојатно, рано, полицајци и тие со баронети, и тие со плави униформи, полицајци и војници, од црквата не избркаа, не само нас туку сите луѓе што спиеја околу не исфрлија накај реката Вардар, раскажува Кодриќ.

И во училиште биле малтретирани да повторуваат дека се Бугари, во спротивно биле тепани.

-На таблата пишува десет пати „аз сам Б`лгарин“, десет пати! И јас седам таму, па сите со ред излегуваат и кажуваат. И на крај, и јас дојдов на ред да го прочитам тоа. Го прочитав десет пати, и ме прашува учителката Лилјана, никогаш нема да ја заборавам, како да ви кажам тоа сигурно е некоја процедура кај нив како терористички акт, еден голем линиар зема и вели: ајде прочитај! И јас го прочитав тоа 10 пати, на крај ми вика сега „какв си ти“ и јас викам Македонец. Па почна удри и мавај со ленирот по глава, по уши, по раце, по нозе. Јас оттогаш никогаш не сум отишол ниту на Веронаука ниту во училиште-раскажува со солзи во очите Бранко Кодриќ.

Неговата порака е дека бугарската блокада и наметнување не може да му ги избрише неговите сеќавања но и историски факти.