Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Врнежи од снег ќе има само на повисоките планини во северозападните делови. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, на места со брзина околу 70 км/час. Попладне вдолж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени, наведува Управата за хидрометеорлошки работи во новата дневна прогноза.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи претежно од дожд, повремено поројни и на места пообилни. Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон недела, а поради продор на постудена маса ќе има услови за повремен снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Во понеделник ќе биде потопло со врнежи од дожд, а ново заладување со врнежи од дожд и снег се очекува од вторник.