Јавното претпријатие „Билјанини извори” денеска донираше средства за дезинфекција, разни продукти и овошје наменети за ковид-одделението на Општата болница во Охрид.

Станува збор за 200 пакети средства за дезинфекција на подови, сто литри течен сапун, 200 пакети вода за пиење, 160 ролни – бришачи за раце и поголема количина на овошје наменети за лицата кои се лекуваат во Ковид одделението.