Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорката на ЈЗУ Клиничката болница Билјана Гагачовска, извршија увид во теренските активности за поставување објектите од Модуларнот ковид центар во Битола.
Модуларниот ковид центар содржи 3 модуларни градби, од нив 2 наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.
-Во предвидениот рок од три недели, Општина Битола и битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот. КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод поставија канализационен и водоводен систем. Поставувањето на Мудуларниот ковид центар е поддржано и од општинските советници кои ја прифатија одлуката на Петровска за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет, информираа од Општина Битола.