Општина Пробиштип доби 14 инвертор клима уреди преку Владината Програма за намалување на аерозагдувањето во 2020 година. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека како Општина се јавиле на јавниот повик кој го објави Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за избор и рангирање на општините кои ќе бидат корисници на опремата од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.
– Согласно поднесената апликација од наша страна, инвертор клима уредите се доделени на подрачното основно училиште „Ванчо Трајков“ во населбата Пробиштип, кое работи во склоп на ООУ „Браќа Миладиновци“.Општина Пробиштип и јас како градоначалник и во наредниот период ќе продолжиме да работиме во интерес на поголема заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот за нашите сограѓани, вели Анатасов.
Тој истакна дека минатата година од буџетот на Општина Пробиштип доделиле два милиони денари на семејствата во оваа општина, кои затоплувањето на своите домови го смениле со инвертер клими. Околу 200 семејства ги искористиле субвенциите од 10.000 денари, кои им ги дала Општината. Најави дека во буџетот за 2021 година предвидуваат уште еден милион денари или субвенција за 100 нови семејства.