Првото бебе во 2021 година во Тетово е машко, родено 25 минути после полноќ, информираа од Општина Тетово.

Во гинеколошкото одделение при Клиничка болница Тетово мајката Ресмије Асани од селото Селце роди машко бебе тешко два килограма и 600 грама, долго 48 сантиметри.

– Посакувам бебето да порасне здраво и без грижи, а на родителите им посакувам бесконечна радост со оглед дека новороденчето е како почеток на сите нешта – надеж, соништа и можности, порача градоначалнчката Теута Арифи преку социјалната мрежа Фејсбук.

Поради пандемијата немаше посета во болницата. Општина Тетово на семејството му додели 40.000 денари