Здружението за спортско-рекреативен риболов „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со сто килограми пастрмка.

-И оваа година успеавме да ја реализираме предвидената програма, заокружувајќи ја со порибување на три локации во риболовниот ревир „Крива Река 1″ и тоа: Крива Река, Дурачка Река и Киселичка Река. Порибувањето се врши дополнително, а пастрмките се со тежина од по сто и триста и педесет грама. Изразуваме голема благодарност на двете мали хидроцентрани, ПВЦ „НЕВ Хидро ДООЕЛ” и ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани кои обезбедија финансиски средства за набавка на рибите за порибување, изјави Зоран Стоилковски, претседател на ЗСРК „Мрена” Крива Паланка.

Програмата на здружението за 2020 година, како што посочи, е реализирана во целост.