Со оставање платни налози со едукативна содржина полицијата превентивно опоменуваше за непрописно паркирање на неколку улици во центарот на Струмица.
Превентивната кампања се реализира под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
-Оваа кампања е наменета за учесниците во сообраќајот, особено оние што паркираат на површини каде не е дозволено паркирање, најчесто на тротоарите, бидејќи тие се место за пешаците, а не за возилата. Со нашата превентивна активност сакаме да ја подигнеме свеста кај возачите за прописно паркирање, рече Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица.
Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција при СВР Струмица, Полициската станица за безбедност во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, „Глобал Шејперс“ и ученици од учишните сообраќајни единици.