Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13, 11 за некористење сигурносен појас, 8 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 7 за нерегистрирани возила, 5 мерки за технички неисправни возила за јавен превоз.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
05/12/2020 12:51