Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е поднесена тужба во државниот суд на Џорџија, во која се бара поништување на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември.

Во соопштението се наведува дека заедно со тужбата се приложени и изјави од жители на Џорџија, дадени под заклетва за наводна изборна измама.

Тимот на Трамп поднесе голем број тужби низ САД, обидувајќи се да ја оспорат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, но судовите ги отфрлија речиси сите нивни тужби.


Администратор
05/12/2020 12:46