Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша во објава на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а по денешната прес-конференција на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања.

Бугарската страна, дополнува Мицкоски, кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.

– Та нели се беше во главата на вмровците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот!, наведува Мицкоски.


Администратор
04/12/2020 17:57