Без резултати заврши дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информиара на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.
-Треба да констатираме, за жал, дека 11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минитјатурен черкор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба за жал ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата работа бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлику се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Ангелов..
Според него, по однос на суштината на нивната работа, се зборува во Македонија дека Комисијата решила три периоди и се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османливоството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7 одделение за средниот век.
-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност. Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.