Словачката полиција денеска го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателните луѓе во земјата, кој на новинарите им изјави дека не знае за што е обвинет.

Според локалните медиуми, апсењето на првиот човек на инвестициската група „Пента“ е најдраматичниот потег во серијата апсења во земјата, откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

Повеќе од 20 години Хашчак важи за најмоќниот меѓу таканаречените словачки олигарси, кои, наводно, уживаат системска поддршка од политичарите.

Информативниот портал Актуалност.ск, во кој работел убиениот Куцијак, повикувајќи се на извори од истрагата известува дека постојат докази за вмешаност на Хачак во прикривање докази. Досега немаше доволно докази за обвиние против Хашчак.

Групацијата „Пента“ се претставува како „водечки играч на пазарот на недвижнини во Словачка, Чешка и Полска“. Таа е сопственик на банки и финансиски компании во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.


Администратор
02/12/2020 16:07