Владата на Авганистан и претставниците на талибанското движење постигнаа прелиминарен договор за продолжување на мировните преговори, што е првиот документ потпишан од двете завојувани страни по избувнувањето на граѓанската војна пред 19 години.

Иако овој документ ги одредува само модалитетите на идните преговори, оние кои се запознати со ситуацијата во Авганистан сметаат дека ова е голем чекор напред во мировниот процес затоа што ќе им овозможи на преговарачите да се справат со конкретни, суштински прашања како што е примирјето, оценуваат американски медиуми.

Потпишувањето на овој документ беше потврдено од обете страни, и од Владата во Кабул и Талибанците.


Администратор
02/12/2020 16:01