Поранешниот генерален секретар на Советот на ЕУ Хавиер Солана вели дека начинот на решавање на „косовското прашање“ е да се продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина, но и да се овозможи Србија брзо да влезе во ЕУ.

– Косово денес има многу проблеми, но ние мора брзо да ја внесеме Србија. Русија многу би сакала Србија да биде во нејзината орбита. Затоа, мора брзо да дејствуваме со Србија и да и понудиме можност да влезе во ЕУ, што е од суштинско значење, рече Солана. .

Говорејќи на конференцијата посветена на десетгодишнината од постоењето на Европската служба за надворешни работи, Хавиер Солана рече дека ЕУ и нејзиниот специјален претставник мора да бидат посветени на дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесува Танјуг.

Инаку, Солана беше генерален секретар на НАТО, кога на 24 март 1999 година нареди воена интервенција во Србија.


Администратор
01/12/2020 16:54