Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, порача попладнево премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил.

Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

– Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски, пишува Заев.


Администратор
29/11/2020 16:42