Откако на својот фејсбук профил, претседателот на Левица напиша статус насловен „Како размишља просечен вмровски куртон“ и откако во јавноста се појавија информации дека на првиот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ на кои присутни беа и членови на Левица го исвиркаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доцна вечерва преку социјалните мрежи Димитар Апасиев ја повика опозицијата на обединување и „војната“ барем во овој период да биде запрена.

„Ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!

Со оглед на драматичноста и сериозноста на ситуацијава во која сме доведени како народ, а која може неочекувано да се радикализира и да ескалира во следниов период, искрено апелирам до сите слободомислечки наши сограѓани, да создадеме силен и обединет Опозициски антивладин фронт против ова зло кое Македонија го немала од АСНОМ до денес.

Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев, а после пак ќе “ратуеме” – кој на лево, кој на десно. Ако ова не го сконтаме, пред нос ќе ја изгубиме Републиката, а тешко дека следните генерации ќе си ја повратат. Памет у глава и егото на страна. Долг е патот на Борбата!

#ДолуЗаевизмот#ДаЖивееМакедонија, напиша Апасиев.


Администратор
29/11/2020 01:30