Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски вели „Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија?“

Во колумната за бугарскиот портал mediapool.bg , поранешниот македонски премиер, кој за Бугарите во 90-те беше „најголемиот бугарски ас“, меѓу другото вели:

„Јас бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да не нападне во секој момент. Не ни рекоа да пазиме од Грците, Албанците, Американците или Русите. Само од Бугарија.

Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека вградените бугарски агенти само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата.“

Исто така се осврнува на Гоце Делчев , за кого речиси индиректно посочува дека е Бугарин па вели:

… Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија? Прво, Гоце Делчев е роден во бугарскиот вилает во рамките на Отоманската империја. Ова го покажуваат документите, неговите браќа, неговите родители – па тој израснал во оваа средина.

Второ – основно училиште студирал во егзархијата. После тоа студирал во Солунското бугарско средно училиште, каде учеле сите револуционери. Оттаму отишол да учи да биде бугарски офицер во бугарското воено училиште. После тоа станал учител во Бугарската егзархија. Но, зошто го криеме овој дел од македонската историја? Ние само велиме дека тој бил учител. И тој, и Даме, и Ѓорче, и Пере Тошев и Никола Карев – сите беа учители во бугарската егзархија “.

Па продолжува со лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ:

„За поранешниот министер за надворешни работи, кој целата своја кариера ја изгради во ВМРО-ДПМНЕ заедно со Доста Димовска и неговата бугарофилија – сите знаеме кој е тој. Пред неколку дена ја гледав поранешната сопруга на поранешен претседател на ВМРО-НП – исто така стои против Бугарија. Барем 4-5 пати во мое присуство таа раскажа за бугарско-македонската заедничка историја, а пред три дена ја гледав – плука против Бугарија.

Друг пријател од Охрид зборуваше само за Бугарија повеќе од 30 години. Сега тој е назначен за претседател на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, и плука против Бугарија. Поранешна министерка, чие потекло потекнува од семејство директно вклучено во бугарската влада во периодот 1941-44 година и чие семејство исто така се смета за бугарофили – и таа го обвинува Заев дека ја продал Македонија Амбасадор од Брисел, чиј татко не беше само бугарофил, но и по дефиниција – македонски бугарин, и тој сега излегува со некаква филозофска интерпретација?“


Администратор
29/11/2020 01:09