Двонеделна обука за пре-асцелераторската програма на PrimePoint Partners за напредни и применети технологии, во која беа презентирани најдобрите израелски практики за асцелераторски програми за напредни технологии, успешно завршија 15 учесници, меѓу кои и многу познати компании.

Учесниците имаа можност да се стекнат со знаење и контакти кои ќе ја унапредат нивната понатамошна работа и ќе им помогнат во нивниот развој во областа во која што работат, а предавачи беа реномирани професори и етаблирани деловни професионалци меѓу кои Нинослав Марина, ректор на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ од Охрид, Мајкл Мизрахи, директор на асцелераторот AtoBe при колеџот Азриели за инженерство во Ерусалим, Јасмина Поповска, менаџер за создавање деловни активности на ЕИТ Производство Виена, Ивана Станковиќ од PrimePoint Partners и како гостин предавач Зоран Мартиновски, менаџер за регионот во ИФЦ Групација на Светска банка и член на Советодавен одбор на PrimePoint Partners.

Програмата беше поддржана од Министерството за надворешни работи на Израел и израелскиот амбасадор во земјава, Дан Оријан кој ја истакна важноста за споделување знаење и зајакнување на партнерството меѓу двете земји.

-Сите ние сакаме да ја видиме Македонија како следна стартап нација на Балканот, рече Оријан.

Оваа програма е прва од низата пре-асцелераторски програми што PrimePoint планира да ги организира во иднина.


Администратор
27/11/2020 13:48