Во текот на изминатите 11 месеци од оваа година, заклучно со денес на поширокото тетовско подрачје СВР Тетово има откриено и санкционирано 1182 лица кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

-Во овој период, исто така, санкционирани се и 356 возачи-почетници кои не се придржувале кон законските ограничувања предвидени за оваа категорија возачи, а за кој прекршок предвидена е парична глоба од 200 евра. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел – поединци да не седнуваат зад волан без претходно положен возачки испит и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, исто така, дека и сопствениците на возилата кои им ги даваат на управување на лица без возачка дозвола се санкционираат согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата и за овој законски прекршок е 300 евра во денарска противвредност.


Администратор
26/11/2020 16:04