Водостојот на реката Вардар кај Демир Капија и кај Велес денеска е понизок во споредба со вчерашниот ден.

Најновите мерења на УХРМ покажуваат дека кај Демир Капија нивото на Вардар е пониско за осум сантиметри, а кај Велес за пет сантиметри.

Пониско е нивото и на Охридското и на Преспанското Езеро. Водостојот на Охридското Езеро е два сантиметри под дозволениот минимум, а на Преспанското Езеро за 47 см под апсолутниот минимум.


Администратор
26/11/2020 13:19