Без вода за пиење до 14 часот се дел од Кавадарци и село Марена поради дефект на водоводна линија, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец".

– Во градот без вода се жителите од улиците „Партизанска", „Мирче Ацев", дел од „Блажо Алексов" и останати споредни улици, соопштија од комуналното претпријатие.

Оттаму изразија надеж за разбирање и трпение од жителите кои се без вода за пиење поради дефектот.