Премиерот Заев Заев и министри од економските ресори денеска ќе присуствуваат на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд“ за бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце.

Како што соопшти владината прес-служба покрај премиерот Заев на официјалното отворање ќе присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

По обиколката на халите, премиерот Заев ќе има обраќање, а ќе има можност и за новинарски прашања и за присутните министри, се додава во соопштението.


Администратор
26/11/2020 10:29