Откако Министерот за здравство Венко Филипче на својот твитер профил објави слика од 2019 година на која се неколку членови на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп меѓу кои и актуелниот пратеник Петар Ристевски, прашувајќи дали ВМРО-ДПМНЕ против вирусот се бори со „собиранки“ и без маски“ за кратко време беше избришанa од неговиот профил.

Бришењето на објавата дојде откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски му сугерираше на министерот дека Наќе не е веќе министер па да биде крив и по официјалната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во која побараа извинување од Филипче, бидејќи станува збор за слика објавена на профилот на пратеникот Ристевски на 15-ти декември минатата година.


Администратор
26/11/2020 00:23